Промоција на резулататите на истражувањето

ЖГИ АНТИКО на ден 14.10. 2019 во Општина Пробиштип организира јавен настан: Промоција на резулататите на истражувањето на тема: “Утврдување на соработката на општината со граѓаните и граѓанските организации“. По воведот и презентацијата на резултатите од страна на Координаторката на проектот, Ивана Стојчевска се разви конструктивна дискусија помеѓу преставниците на институциите на локалните власти, граѓанскиот сектор и други засегнати стани. Теренското истражување беше фокусирано кон согледување на моменталната состојба во општина со цел да даде придонес за унапредување на меѓусебната соработка и поддршка на локалната власт со граѓанските организации и граѓаните, како и вклучување на родовата перспектива при креирањето на локалните политики. Активноста го следеа и локалните медиуми од Пробиштип. Истажувањето е активност во рамките на проектот „Граѓанските организации – промотори на дијалог, акција и креирање на локални политики“ финансиски поддржан од програмата Цивика мобилитас

Komentariši

Vaša email adresa neće biti objavljivana. Neophodna polja su označena sa *

Translate »