Структура на организација

Структури на ЖГИ Антико се : Собрание, Извршен Oдбор( Координативно тело),Надзорен одбор,Извршна канцеларија и Неформална мултиетничка мрежа од 18НВО од 10 локални заедници, која функционира во рамките на организацијата.

Собрание:
Собранието е највисоко раководно тело на организацијата.Собранието го сочинуваат преставнички од НВО членството од локалните заедници на Р.Македонија чии лидерки се основачи на Антико , а и сите други индивидуални членки/ови на организацијата..Составот на собранието и на другите постоечки структури го одразува мултиетничкиот состав на мрежата и ги преставува локалните заедници каде што делува таа. Собранието е преставена од нејзината преседателка.

Извршен одбор (координативното тело)
7 лидерки од женските НВО – основачи на Антико од локалните заедници на Р.Македонија, го сочинуваат Извршниот одбор на Антико.Извршниот одбор има своја извршна директорка.

Координаторки на Антико
Од редовите на извршниот одбор и активистките на локалните организации кои работат на женските прашања и промоцијата на мирот во заедницата се избираат координаторките на програмите и локалните координаторки на мрежата.

Извршна канцеларија
Извршната канцелерија е преставена од персоналот на Антико.Во принцип во канцеларијата се ангажирани 3- 7 членки во зависност од обемот на проектните активности и превземените иницијативи.Во рамките на кацеларијата се ангажираат и волонтери и стручни соработници.
Освен нив персоналот го сочинуваат и мултиетничкиот постојан тим од 26 добро обучени обучувачки, едукаторки ,фацилитаторки и модераторки на Антико кои ги спроведуваат програмските и проектните активности во нивните локални заедници.

НВО Мрежа
Во рамките на Антико функционара неформална интеретничка мировна женска мрежа во кои членуваат 18НВО од 10 Локални заедници на Р. Македонија, од кои 12 се редовни додека 6 асоциативни членки и соработнички.

Мрежата делува во областа на демократијата плурализмот и толеранцијата.

Сите НВО членки пристапуваат кон мрежата на Антико преку пристапници за членство и потпишуваат меморандум за соработка , која јасно ја опишува визијата , мисијата, стратешките цели и активности,процесот на донесување на одлуки одговорностите, на сите тела и вклучени страни.

Меморандумот, исто така ги дефинира критериумите за прием, вредностите, кодексите на односување,стандардите за соработка, комуникацијата и внатрешните односи и релации.
НВО членките на Мрежата на Антико, во зависност од потребите од заедницата, контекстот и кохерентноста на времето во кој живееме и делуваме, идентификуваат, иницираат , спроведуваат и ги координираат активностите преку мрежно работење на локално и национално ниво.

Индивидуално членство
Антико е отворена и за индивидуалното членување.Секој граѓанин на Р. М., како и странски државјанин може да биде член на организацијата, доколку се согласува со нејзината платформа и ги прифакање и почитува вредностите врз кои се темели Антико.