Општина TЕАРЦЕ!17.08.2020

Уште на еден успех на ЖГИ АНТИКО во соработка со Општина ТЕАРЦЕ!Теарце, 17.08.2020 годинаВо салата на Советот на општина Теарце, преставничката на Женската иницијатива АНТИКО, ја презентира Стратегијата за еднакви можности на жените и мажите на Општина Теарце за годините 2020-2024 год. и двогодишниот акционен план за 2020 – 2021 година, подготвена во рамките на проектот : „Граѓански организации – промотори на дијалог, акција и креирање локални политики“поддржан од Програмата Цивика Мобилитас.На овој многу значаен настан за жените на општина Теарце, а и за мрежата АНТИКО, беа присутни 28 учесници од водечките структури на општината – градоначалникот, претседателот на советот, советници/чки на советот, локалната администрација, координаторката и претседателката на Комисијата за Еднакви можности за жените и мажите, претставници на невладини организаци, релевантните институции и засегнати страни.Треба да се напомене дека целосниот успех е постигнат на 28.07.2020 година кога Општинскиот совет донесе Одлука за усвојување на Нацрт- стратегијата за еднакви можности на жените и мажите во Општина Теарце за годините 2020-2024 година. Стратегијата беше објавена како официјален документ на општината за реализација на еднакви можности и унапредување на положбата на жените.Процесот на изготвување на Предлогот за стратегија беше инициран и обезбеден од стручна поддршка од страна на АНТИКО, со ангажирање експерт – соработник фацилитатор . со континуирана поддршка од проектниот тим и персоналот на проектот и извршната канцеларија АНТИКО.Процесот на изготвување на Предлогот за стратегија и акциониот план беше креиран врз основа на резултатите од прелиминарното (сеопфатно) родово истражување за тековната состојба во однос на родовата еднаквост, еднакви можности, достигнувањата, проблеми и предизвици. Истражувањето беше презентирано и пред раководните структури на општината и на пошироката јавност; потоа беа спроведени 2 тродневни интерактивни обуки (теоретски и практичен дел) за родово сензитивно дизајнирање на политики; две средби со релевантни институции и засегнатите страни во општината; 6 еднодневни работилници (со практична групна работа) во Теарце, и 2 форуми во заедницата- вкупно 12 повеќе дневни активности. Изготвувањето на Нацрт-стратегијата се одвиваше во демократско опкружување со активно учество на претставници на локалната администрација, советници, невладини организации и засегнати страни.

Komentariši

Vaša email adresa neće biti objavljivana. Neophodna polja su označena sa *

Translate »