ПУБЛИКАЦИИ
Родово сензитивни медиуми за родово еднакво општество
Датум на издавање: 05.11.2019
Монитoрнгот на родовиот баланс во известувањето на македонските медиуми е една од базичните активости во рамките на проектот на Женската граѓанска иницијатива АНТИКО, со наслов: „РОДОВО СЕНЗИТИВНИ МЕДИУМИ ЗА РОДОВО ЕДНАКВО ОПШТЕСТВО. Овој Извештај ја дава генералната слика за родовиот дисбаланс во медиумските исвестувања во неколку видови на новинарски прилози во 10 медиуми во државата. Главната цел на проектот е придонес кон зголемувањето на родовиот баланс и сензитивност при известување во медиумите и фер портретирање на жени преку елиминирање на стереотипите. Проектот е суб-грант поддржан во рамките на проектот “Писменост за вести и дигитална писменостСправување со лажните вести“ проект на Македонски институт за медиуми (МИМ), Институт за комуникациски студии (ИКС), Самостоен синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Институт за медиуми и различности, Лондон. Проектот е финасиски поддржан од ЕУ.
Билтен бр.3 - Период 1 септември - 31 декември, 2017
Датум на издавање: 06.02.2018
Во рамките на Институционалниот грант на Цивика мобилитас, АНТИКО има предвидено низа активности кои ќе и овозможат потранспарентно работење и споделување на релевантни информации со конституентите и засегнатите страни. Една од тие активности е припрема на квартални Билтени. За таа цел го споделуваме Билтенот бр.3 кој ги опишува активностите, достигнувањата и резултатите од работењето на ЖГИ АНТИКО во периодот 01 септември – 31 декември од 2017 година.
Билтен бр.2 - Период 1 мај - 31 август од 2017 година
Датум на издавање: 28.11.2017
Во рамките на Институционалниот грант на Цивика мобилитас, АНТИКО има предвидено низа активности кои ќе и овозможат потранспарентно работење и споделување на релевантни информации со конституентите и засегнатите страни. Една од тие активности е припрема на квартални Билтени. За таа цел го споделуваме Билтенот бр.2 кој ги опишува активностите, достигнувањата и резултатите од работењето на ЖГИ АНТИКО во периодот 01 мај – 31 август од 2017 година.
Флаер - Стави крај на насилството врз жени и семејното насилство
Датум на издавање: 24.11.2017
Флаер – Стави крај на насилството врз жени и семејното насилство, овозможен во рамките на Институционалниот грант Цивика Мобилитас, наменет за Кампањата „16 дена активизам против насилство врз жени и девојчиња“.
Брошурата за првиот циклус на дефинирање на приоритетни области во 6те општини - Чаир. Сарај, Велес, Крушево, Кичево и Долнени
Датум на издавање: 20.09.2017
Објавена е Брошурата за првиот циклус на дефинирање на приоритетни области во 6те општини – Чаир. Сарај, Велес, Крушево, Кичево и Долнени, во рамките на ЕУ Проектот „Здружени сили за заеднички интереси“. Приоритетните области произлезегоа од граѓанските средби во општините, со помош на 6те менторски организации, со цел зајакнување на влијанието на граѓанското општество во унапредување на односите на заедницата преку партиципативна демократија. Врз основа на приоритетните области се доделија 6 суб-грантови (вкупен буџет од 2.068.939,00 МКД) каде 9 граѓански организации и 1 институција заеднички имплементираа мали акции.
Истражување за можностите за вработување на жените
Датум на издавање: 01.08.2017
Во прилог Истражувањето за можностите за вработување на жените кое беше подготвено во рамките на ЕУ Проектот – Вклучување на жените од етничките заедници на пазарот на трудот
Проектни факти и резултати - ЕУ Проект Вклучување на жени од етнички заедници на пазарот на трудот
Датум на издавање: 05.07.2017
Овде можете да ги преземете проектните факти и резултати од ЕУ Проект Вклучување на жени од етнички заедници на пазарот на трудот, односно завршната публикација за истоимениот проект.
АНТИКО - Билтен број 1/2017 година
Датум на издавање: 05.05.2017
Во рамките на Институционалниот грант на Цивика мобилитас, АНТИКО има предвидено низа активности кои ќе и овозможат потранспарентно работење и споделување на релевантни информации со конституентите и засегнатите страни. Една од тие активности е припрема на квартални Билтени. За таа цел го споделуваме Билтенот бр.1 кој ги опишува активностите, достигнувањата и резултатите од работењето на ЖГИ АНТИКО во првиот квартал од 2017 година.
Можности и перспективи за економско јакнење на жените
Датум на издавање: 01.03.2016
Тука можете да ја преземете финалната публикација во рамките на проектот „Економско јакнење на жени од две општини“, финансиски поддржан од Британската Амбасада во Скопје. Публикацијата ги содржи целите на проектот, спроведените активности и постигнатите резултати, како и препораки за идно делување.
Локален акциски план за економско јакнење на жените од Општина Битола за 2016-2017 година
Датум на издавање: 09.11.2015
Публикуван Локалниот Акциски план за економско јакнење на жените од Општина Битола 2016-2017 година – продукт од проектот „Економско јакнење на жени во две општини“. Преку успешно лобирање и јавно застапување овој акциски план во целост е усвоен и буџетиран од страна на Советот на Општина Битола.
Локален акциски план за економско јакнење на жените во Општина Кичево 2016-2017 година
Датум на издавање: 09.11.2015
Публикуван Локалниот Акциски план за економско јакнење на жените од Општина Кичево 2016-2017 година – продукт од проектот „Економско јакнење на жени во две општини“. Преку успешно лобирање и јавно застапување овој акциски план во целост е усвоен и буџетиран од страна на Советот на Општина Кичево.
„Водич - Родово одговорни политики = социјална правда !“
Датум на издавање: 30.9.2015
Идејата на тимот на АНТИКО, да подготви публикација – Водич: ‘‘Родово одговорни политики = социјална правда !” произлезе од неопходната потреба за дополнителна поддршка на локалната администација, советниците, особено членовите на комисиите за еднакви можности на мажите и жените и организациите од граѓанскиот сектор. Водичот е првенствено наменет за актерите и засегнатите страни на ЕЛС Кичево и Битола. Воедно, со својата универзалност тој лесно може да се адаптира и да се вклопи и со други интервенции кои имаат ефекти врз родовите прашања. Водичот е од корист и за граѓанскиот сектор, локалните институции, бизнис секторот и сите оние чиј интерес, работа или мисија е креирање, споведување, проценка на влијанието, мониторингот и евалуација на политиките, односно на сите тие кои имаат за цел и должност да создадат поволно окружување за иницирање на промени базирани на докази и одржливи резултати, еднакви можности, унапредувањето на човековите/женските права и придонес кон постигнувањето на родовата рамноправност на пазарот на труд и социјалната правда.
Извештај од истражувањето: „Можности и бариери за вклученоста на жените во пазарот на трудот во Општина Кичево“
Датум на издавање: 30.06.2015
Главнта цел на истражувањето е утврдување на фактичката состојба на социо-економските услови и перцепциите на жените и засегнатите страни за родовата рамноправност – можностите и бариерите за вклученоста на жените во пазарот на трудот во Општина Кичево и Општина Битола. Истражувањето претставува солидна база на информации од оваа област. Во фокусот на истажувањето е анализата на постоечките меѓународни документи и инстуционални механизми за постигнување на родовата рамноправност, како и усоглесеноста на истите со домашната легислатива, а и состојбите во однос на родова машинерија за постигнување на еднаквите можности на централно и локално ниво, односно во Општина Кичево и Општина Битола.
Извештај од истражувањето: „Можности и бариери на вклученоста на жените во пазарот на трудот во Општина Битола“
Датум на издавање: 30.06.2015
Главнта цел на истражувањето е утврдување на фактичката состојба на социо-економските услови и перцепциите на жените и засегнатите страни за родовата рамноправност – можностите и бариерите за вклученоста на жените во пазарот на трудот во Општина Кичево и Општина Битола. Истражувањето претставува солидна база на информации од оваа област. Во фокусот на истажувањето е анализата на постоечките меѓународни документи и инстуционални механизми за постигнување на родовата рамноправност, како и усоглесеноста на истите со домашната легислатива, а и состојбите во однос на родова машинерија за постигнување на еднаквите можности на централно и локално ниво, односно во Општина Кичево и Општина Битола.
„Преку младински активизам кон соживот на различностите во заедницата“
Датум на издавање: 03.12.2013
Добри пракси и искуства од проектот „Преку младински активизам кон соживот на различностите во заедницата“
„НЕ за уште една жртва! СТОП за родовото и семејното насилство!“
Датум на издавање: 25.11.2013
Шеснаесет дена активизам против насилството врз жените и семејното насилство 25. 11. 2013 – 10. 12. 2013.
Училишен весник „Правец - Drejtimi“
Датум на издавање: 30.10.2013
Добри практики и искуства од проектот „Поврзување и зајакнување на женските граѓански организации од Западен Балкан кои работат на женските права и родовата еднаквост“
„Преку младински активизам кон соживот на различностите во заедниците“
Датум на издавање: 10.01.2013
Делиме заеднички вреедности – да ги негуваме и почитуваме!
„Нема оправдување за насилството. Направи нешто за себе и сврти нова страница во животот - пријави го насилникот!“
Датум на издавање: 26.11.2012
Шеснаесет дена активизам против насилството врз жените и семејното насилство 25. 11. 2012 – 10. 12. 2012
„Жените Ромки тоа го можат - Збирка на текстови"
Датум на издавање: 12.09.2012
Прирачник за надградување и проширување на знаењата, вештините, способностите и искустават на жените Ромки во областа на родовите прашања,политичкото ангажирање, женскиот јавен активизам иповрзувањето.
„Поврзување и зајакнување на женските граѓански организации од Западен Балкан кои работат на женски права и родова рамноправност“
Датум на издавање: 27.04.2012
Работилница за градење капацитети – Тренинг прирачник
Идејата води кон иднината
Датум на издавање: 19.12.2011
Преку едукација и зајакнување кон социјално вклучување и активно граѓанство III
„Институционална и правна рамка за родова рамноправност во Република Македонија“
Датум на издавање: 03.12.2011
Преглед на клучната институционална и правна рамка за родова рамноправност во Република Македонија.
„Информирај се! Заштити се!“
Датум на издавање: 25.11.2011
Шеснаесет дена активизам против насилството врз жените и семејното насилство 25. 11. 2011 – 10. 12. 2011.
Родова анализа на кандидатските листи и изборните резултати Предвремени Парламентарни избори 2011
Датум на издавање: 10.08.2011
Резултатите од спроведената родова анализа на кандидатските листи за време на Предвремените парламентарни избори 2011 и анализата на изборните резултати во однос на застапеноста на родовите во Собранието на Р. Македонија.
„Преку едукација и зајакнување кон социјално вклучување и активно граѓанство“
Датум на издавање: 28.02.2011
Добри пракси и искуства од проектот за социјално вклучување на жените од немнозинските етнички заедници од руралните средини на Р.Македонија
„Не се двоуми! Пријави го насилникот! Бори се против насилството врз жените и децата.“
Датум на издавање: 25.11.2010
Шеснаесет дена активизам против насилството врз жените и семејното насилство 25. 11. 2010 – 10. 12. 2010.
„Не се двоуми! Пријави го насилникот! Бори се против насилството врз жените и децата.“
Датум на издавање: 25.11.2010
Шеснаесет дена активизам против насилството врз жените и семејното насилство 25. 11. 2010 – 10. 12. 2010.
„Родова анализа на програмите на политичките партии: Осум години подоцна, дали има напредок?“
Датум на издавање: 03.09.2010
Истражување на капацитетите на политичките партии за развивање, донесување и спроведување на родово сензитивни политики.
„Школа за мултикултурализам“
Датум на издавање: 03.09.2010
Приказ на програмата за мултикултурализам на ЖГИ АНТИКО за изградба на мултиетничко општество во Република Македонија , каде се почитуваат етничките и културните разлики, а толеранцијата и меѓусебната соработка на луѓето ќе биде во насока на изградба на мирот во заедницата.
„Мојот глас - моја одлука“
Датум на издавање: 08.12.2009
Анализа на проблемот на семејно гласање и гласање во име на друг.
„Стоп за насилството! Против родовото и семејното насилство!“
Датум на издавање: 25.11.2009
Шеснаесет дена активизам против насилството врз жените и семејното насилство 25. 11. 2009 – 10. 12. 2009.
„Женска граѓанска иницијатива АНТИКО“
Датум на издавање: 10.12.2004
Историја на АНТИКО, мисија, цели, структура и мрежа…
„Семејно насилство во Гостивар“
Датум на издавање: 25.12.2002
Проект: Превземање мерки за превенција и елиминација на насилството на жените
,,ЖЕНИТЕ ВО ПОЛИТИКАТА" РОДОВА АНАЛИЗА НА ПРОГРАМИТЕ НА ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ
Датум на издавање: 04.11.2002
Публикацијата ,, Жените во политиката,, е прва родовата анализа на програмите на политичките партии спроведена во историјата на плуралистичка Македонија.
