Граѓанска иницијатива АНТИКО
Градиме општество во кое жените и младите се двигатели на промените
Преку јакнење на граѓанското учество,
демократските процеси и владеење на правото
ГЛАСОВИТЕ НА ЖЕНИТЕ И МЛАДИТЕ – СИЛА ЗА ПРОМЕНА
Од своето основање во 1999 година, Женска граѓанска иницијатива АНТИКО се залага за градење на силни, инклузивни и отпорни заедници.
Преку нашите програми ја поттикнуваме инклузивноста, ги поддржуваме маргинализираните групи и промовираме мир, човекови права и демократски вредности. Истовремено, го јакнеме граѓанското учество и активизмот на секој поединец.АНТИКО работи на развој на лидерските вештини кај младите, поддржува економско јакнење и самовработување на жените и младите, како и јакнење на организациските капацитети и вмрежување на граѓанските организации и неформалните групи.
Нашата цел е секој поединец да има можност активно да придонесува кон одржливоста, развојот и отпорноста на заедниците ширум Република Северна Македонија.
За нас - Мисија, Визија и Вредности
НОВОСТИ
ПРОГРАМИ
Програмите на Женска граѓанска иницијатива АНТИКО се насочени кон зајакнување на граѓанското учество, младинското лидерство и улогата на жените, преку обуки, практични активности и соработка со засегнатите страни, со цел создавање инклузивна и одржлива средина во која граѓаните, граѓанските организации, бизнис секторот и институциите заедно придонесуваат кон позитивни промени во заедницата. поттикнувајќи активно вклучување на грачаните во креирање на политики и развој на заедницата.
