ЗА НАС
Визија, Мисија и Вредности
Вредности:
Инклузивност
Го почитуваме и промовираме учеството на сите, особено на маргинализираните групи.
Еднаквост и недискриминација
Се залагаме за еднакви права и можности за сите, без разлика на пол/род возраст, етничка припадност или социјален статус.
Активно граѓанство
Веруваме во моќта на граѓаните да иницираат и да водат позитивни промени во своите заедници.
Зајакнување
Ги поддржуваме жените, младите и грасс рут грчанските организации да ги развијат своите потенцијали и да станат лидери на промени.
Соработка и солидарност
Поттикнуваме партнерства, вмрежување и заедничко делување за поголемо влијание.
Одговорност и транспарентност
Работиме етички, отчетно и отворено кон заедницата и партнерите.
Одржливост
Се стремиме кон долгорочни решенија што придонесуваат за стабилен и инклузивен развој на заедниците.
Мир и социјална кохезија
Го промовираме градењето на мирот преку инклузивност, меѓуетничка соработка и дијалог, доверба и взаемна почит меѓу различни заедници како основа за одржлив мир и кохезија.
