ШТИП- 15 и 16 Декември Х. ОАЗА

Во СВЕТОТ НА РОЗОВИОТ ДАНОК & КРЕИРАЊЕ на РОДОВИ ПОЛИТИКИ во областа на заштитата на трошувачи/ки

На 15 и 16 Декември во Штип, ЖГИ АНТИКО, реализира многу успешна дводневна работилница на тема: „ ВКЛУЧУВАЊЕ НА РОДОВАТА ПЕРСПЕКТИВА ВО ДИЗАЈНИРАЊе И СЛЕДЕЊЕ НА ЈАВНИТЕ ЛОКАЛНИ ПОЛИТИКИ ЗА ЗАШТИТА НА ПОТРОШУВАЧИ/КИ И ОДЖРЛИВА ПОТРОШУВАЧКА„

Во динамичен процес, конструктивна и пријатна работна атмосевера, преку активно учество на учесниците на работилницата (советнички/ци од Советот на општина Штип, претседатеката, координаторката и членови/ки на Комисијата за еднакви и можности на Општината, како и преставничка од Државниот пазарен испекторат одделение за пазарен испекциски надзор Штип, локалната администација и локални ГО од областа на заштитата на потрошувачите, човековите права, екологија и менаџмент во стопанските структури, се реализира дводневна работилница, фокусирана на теми од родовите концепти и процесот на креирање на родовите политики во јавниот комунален сектор. Целите на работилниците меѓу друго , беа фукусирани на зајанување на капацитети и превземање на релевантни акции од страна на актерите и засегнатите страни во креирањето, спроведувањето и следењето на родово чувствителни јавни политики, програми и буџети, во областа на заштитата на правата и интересите на потрошувачите и корисниците на јавни комунални услуги. Освен друго, една од практичните вежби на кои активно работеше целната група беше и и невидливите дискриминаторски практики и предизвици ткн. РОЗОВ ДАНОК. Настанот беше организиран во рамките на проектот: Потрошувачите за одржливост–институционализирање на дијалогот за локалните политики и услугите на граѓанското општество кон општините и бизнисот“ финансиран од Европската унија.

Komentariši

Vaša email adresa neće biti objavljivana. Neophodna polja su označena sa *

Translate »