ОХРИД “Вклучување на родовата перспектива во дизајнирање и следење на јавните локални политики за заштита на потрошувачи/ки и одржлива потрошувачка„

Интегрирање на родовата компонента во локалните политики!

AНТИКО, на 13 и 14 април 2022г., во Хотел „Гарден“,Охрид организира интерактивна дводневна обука на тема: “Вклучување на родовата перспектива во дизајнирање и следење на јавните локални политики за заштита на потрошувачи/ки и одржлива потрошувачка„ , со цел да ги прошири знаењата, и да ги запознае релевантните општински актери и засегнатите страни со процесот и алатките за креирање на родово одговорни локални јавни политики, програми и буџети на општината, со посебен акцент на потрошувачките права. На работилниците учествуваа преставници/чки од новоформираниот Совет на потрошувачи на општина Охрид, советнички од Советот на општината, односно членки на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите , претставници од ЛЕР, јавните комунални претпријатија, , инспекциски органи, локалниот бизнис сектор, како и граѓански организации кои работат на заштита на потрошувачите, животна средина, родова еднаквост и човекови права.
Обуката се организира во рамките на проектот: „Потрошувачите за одржливост – институционализирање на дијалогот за локалните политики и услугите на граѓанското општество кон општините и бизнисот“ финансиран од Европската унија, а имплементиран од партнер организациите ЗЕНИТ, ОПМ, АНТИКО и Комора за мал бизнис.

Komentariši

Vaša email adresa neće biti objavljivana. Neophodna polja su označena sa *

Translate »