Мисија и визија и вредности

ЖГИ АНТИКО е основана 1999 година како интеретничка граѓанска иницијатива од страна на лидерки и активистки од женското мировно и феминистичко движење на Р. Македонија.

Визија: Одржлив мир и развој – граѓанско oпштество кој обезбедува еднакви можности и ги почитува човековите права на сите граѓани без разлика на нивната полова, етничка, верска и секаков друг вид на различност.

Мисија: Динамична , стратешка и лобистичка женска мрежа која ја промовира културата на мирот и изградбата на заедницата преку анимирање, зајакнување и воспоставување на соработка со поединки /ци , граѓански организации и релевантни актери во областа на унапредувањето и заштитата на човековите/женските права, постигнувањето на родовата рамноправност и развојот на мултиетничкото граѓанско општество во локалните заедници на Р. Македонија и пошироко.

ЖГИ АНТИКО, нееднаквоста помеѓу мажите и жените и меѓуетничките тензии ги третира како една од главните пречки за развојот на демократијата, мирот и стабилноста во мултиетничките општества во локални и глобални рамки. Затоа и, нејзините цели и активности се насочени кон афирмација на вредностите базирани на родовата рамноправност, мултикултурализам, искоренување на родовото и домашното насислтво и поддршка на развојот на граѓанскиот активизам во изградбата на заедницата.

Таа, преку тимска работа дава активен придонес во надминувањето на патриархалните вредности, владеење на правото. Јавно застапува и лобира за креирање и инплементација на политики кои создаааат услови за исти права можности и одговорности за сите граѓани.

Вредности на кој се базира Антико:

Ненасилство, толеранција, мулткултурализам, транспарентност, рамноправност, сигурнст ,одржлив развој, поддршка, вмрежување, граѓански активизам, социјална правда и вклученост, идентитети, различност, солидарност.

Женската солидарност ја разбираме како солидарност со сите обезправени и маргинализирани. Солидарност, кој се базира на етички вредности кои ги делиме, а не на постоечките биолошки фактори.

Нашата солидарност е насочена на создавање на алтернативна култура на мирот и на ненасилни односи.Нашите идеали, мисија цели и активности ги постигнуваме преку нашите членки и НВО мрежата на АНТИКО , која брои 18 мултиетнички грас рут организации и женски групи кои работат на унапредувањето на човековите/женски права и изградбата на мирот во локалните заедници на Р.Македонија.

На глобално ниво делуваме преку членувањето во Евро-Медитеранска Феминистичка Иницијатива ( IFE-EFI ) и соработката со многубројни женски групи и мрежи во регионот и пошироко.