Марш за женски права: Ти не си виновна!

Марш за женски права: Ти не си виновна!
Вчера, со почит кон досегашните победи на жената за родовата еднаквост, но свесни за општествените појави и системски недостатоци кои го загрозуваат нашето постоење како слободни, еднакви, достоинствени и безбедни, марширавме под слоганот „Ти не си виновна!“

Во прилог галерија од Маршот за женски права: Ти не си виновна од Ванчо Џамбаски.

Ти не си виновна! Ние не сме виновни! Не сме криви кога нè злоупотребуваат, нè навредуваат и нè исклучуваат. Одбиваме да прифатиме дека треба да ги криеме, контролираме и дисциплинираме нашите тела, нашата сексуалност и нашите идентитети. Денес гласно извикнуваме – Виновни се оние кои нè мразат и презираат, виновни се насилниците за секоја наша рана и солза, виновна е државата која одбива да нè заштити, виновни се сите на кои нашата болка и тага им е смешна и ги забавува.

Бараме- воведување на сеопфатно, сексуално образование во Македонија и тоа веднаш.

Komentariši

Vaša email adresa neće biti objavljivana. Neophodna polja su označena sa *

Translate »