Историја

Антико е женска граѓанска иницијатива, интеретничка мрежа на лидерки и активни жени од невладиното движење во Р.Македонија.

Формирана е во 1999 год. како одговор на потребата на заедниците за тимско работење во областа на: демократијата, плурализмот и толеранцијата.

Нејзини основачи се учесничките на семинарот, ,, Жените и женското организиарње во изградба на мирот и цивилното општество во Република Македонија – жени од повеќе етнички групи од локалните заедници на Р.Македонија: македонки, албанки, ромки, турчинки, србинки, босанки и влаинки, кои се активни во женското организирање и движење на Република Македонија …

Зошто го основавме Антико?
Идејата се роди спонтано, бидејки откривме дека ние жени од повеќе култури имаме многу заедничко, а малку меѓусебно се познаваме. За време на овој семинар дојдовме до сознание дека: освен специфичните проблеми и потреби кои ги имаме внатре во нашите етноси, се соочуваме и со безброј проблеми и потреби во заедницата со кои се соочуваат сите жени, без разлика на нивното етничко и културно потекло, за кои ние сите заедно би можеле да разговараме , работиме, делуваме и да ги решиме.

Ние истовремено бевме свесни дека ако продолжиме да живееме и работиме одделно, тоа уште повеќе ќе не раздели и ќе ја зајакне меѓусебната недоверба и ке го загрози мирот во заедницата Ова е една од причините зошто ја основавме Антико.

Другата причина беше и централизмот во организациските структури на женските НВО, затоа одлучивме за тимско работење со меѓусебно почитување.

Се определивме нашите одлуки да ги донесуваме по демократски пат, а искуствата да ги пренесеме во нашите матични организации. Ја свативме соработката како начин за постигнување на нашата заедничка цел : градењето на мирот и соживотот во заедниците .

Како течеше нашиот раст и развој
Како неформална група, секоја од нас напорно работеше врз себеси. Покрај сите разлики кои ги имавме, успеавме да ги сочуваме добрите пријателски односи во групата. Комунициравме редовно без разлика на постоечките меѓуетничките конфликти и дејствија . Ние во тие тешки моменти успеавме да опстанеме и да бидеме активни во седум мултиетнички градови во Македонија, каде што дејствуваме: Скопје, Куманово, Гостивар, Кичево, Дебар, Крушево-Житоше и Битола.

По основањето во Септември 1999 година, ние одржавме еден заеднички семинар во Јануари 2000г ја дефиниравме мисијата, визијата, целите и задачите. А до крајот на 2000 и во заеднички процес го изработивме нашето стратешко планирање, Со претставничките од Скопје, Дебар, Куманово, Гостивар и Тетово инициравме и организиравме мултиетнички работилници во 5 градови на Република Македонија. Во работилниците учеснички беа жени од повеќе националности и структри (НВО, политички партии, образовни, здравствени институции, студентки, домаќинки, жени од локалната власт и други). 

Проширување на делувањето….. 
Доаѓајќи од оваа безбедна средина ние се чуствуваме способни и на други жени да им овозможиме да создадат истото безбедно место. Со ова ние го продолживме и го проширивме нашето делување преку работиолниците и во Кичево, Битола и Крушево. Во текот на три месеци работевме со исти женски групи. Во овие циклуси видовме интересен развој. Во почетокот жените се собираа и се дружеа според своето етничко потекло, а потоа тие се дружеа и соработуваа со оние со кои можеа да ги споделат своите заеднички интереси без разлика на која етничка група и припаѓаат. Тимовите добро соработуваа, ги делеа знаењата, страхувањата, тремите, меѓусебно се охрабруваа и ја носеа одговорноста на инициативите и активностите. 

Развивање на моќта за прифакање на разликите
Ние, истовремено демонстриравме нов модел на женска соработка и поддршка, градејќи нови интеретнички модели на работа и соработка со наметнување на важни женски теми од меѓуетничката соработка и женските прашања во локалните заедници. Во заедничката работа, соработка и поддршка, успеавме да ја развиеме сопствената МОЌ за прифаќање на разликите, надминување на предрасудите, создавање на пријателство, искреност, меѓусебно почитување и доверба. Преку овој вид на работа ги запознавме проблемите и потребите во локалните заедници. 

Јакнење на женскиот идентитет и моќ иградба на сигурен простор за интеретнички работа и соработка
Истовремено делувавме и на нашите целни групи, ги освестувавме за женските прашања, родовата рамноправност, го јакневме нивниот идентитет, моќ и истовремено градевме мостови на заедништво, меѓуетничка соработка, толеранција, пријателство и доверба. Ова беше од големо значење за постоењето и развојот на групата и постигнатите резултатите на Антико.

Паралелно со проектните активности, Антико одржуваше месечни состаноци и повекедневни заеднички семинари од областа на јакнењето на индивидуалните капацитети на членките и нивното меѓусебното запознавање. 

Јакнење на сопствените капацитети
Во 12 семинари (одржани од постојаниот регионален тим на тренери), членките на Антико во континуитет стекнаа знаења и вештини за лидерство, модерирање, фацилитирање, ненасилна комуникација и трансформација на конфликти, идентитет, моќ, родови и етнички стереотипи и предрасуди, родови прашања, родова рамноправност, женски права, феминизам, активизам и волонтерсатво во заедницата, организациски и институционален развој, лобирање, јавно застапување,меѓународни документи за заштита на човековите( женските ) права идрг. 

Пренесување на знаењата и влијание за изградбата на заедницата
Сите добиени знаења и вештини преку интеретнички работилници ги пренесувавме на нашите целни групи и на членките на нашите матични организации во локалните заедници ширум Македонија.

Како резултат на интеретничките работилници и другите континуирани активности и женска поддршка се иницираа и формираа 12 нови женски групи – Г.О. во локалните заедници на Македонија каде што делуваме.

Индиктори за успех во овој период, а и сега е тоа што многу други женски групи, и граѓански организации и мрежи почнаа да приминуваат модели на работа и соработка кои за прв пат ги промовираше Антико во локалните заедници на Македонија. Ова е дополнителен индикатор што не охрабруваше/охрабрува и ни дава до знаење дека сме во добар пат во процесот на постигнувањето на нашите планирани цели и во однос на спроведувањето на нашата мисија. 

Други фактори кои влијаеа врз нашата работа и определби
Без разлика на воената криза( меѓуетничкиот конфликт во 2001 ) и блокадите во Р. Македонија, како мултиетничка неформална група успеавме да опстанеме и да ги сочуваме добрите пријателски односи во групата, редовно комунициравме и во тешките моменти успеавме да бидеме активни во 7 локални.заедници.

Продолживме да ги одржуваме мултиетничките работилници, а и инициравме и одржавме 34 тркалезни маси во 7 локални заедници на Република Макеоднија на тема: Жени во мултикултурни кризи Како да го сочуваме мирот – учесници на тркалезни маси беа мажи и жени од НВО, политички партии, локална власт, медиуми, интелекталци и други авторитети со кои во време на воента криза успеавме да создадеме заеднички простор за отворен разговор на табу теми и барање на зедничка основа за соживот.

Освен тоа, ние во овој период меѓу првите (1 Март 2001 година) напишавме апел за мир до сите јавни медиуми, на македонски, албански, турски и ромски јазик. Исто така ги поддржавме и ги потпишавме сите други апели и инициативи за мир кои сметавме дека се важни. Активно учествуваме како партнери во широката национална кампања Мир без граници со партнер огрганизации раководени од Цивил (со што продолживме и во текот 2003 и 2004 година како членка на коалициа – НВО контакт група за разоружување). 

Улогата, значењето на меѓународните и локалните феминистки и мировни активистки за растот и развојот на Антико
За опстанокот, растот, развојот, успесите и одржливоста на Антико (а и многу други женски групи од Македонија) од големо значење е несебично чуството за женска поддршка, солидарност и континуитараната неуморната работа на Бориана Јöнссон – феминистка, активистка за женски човекови права од Шведска ( Квинна тилл Квинна ).

Таа, огромен дел од својето слободно време и го посвети на Антико, учествувајки активно во нејзиниот раст , развој и во нејзините активности во локалните заедници на Македонија, делејки го со членките на Антико и локалните жени своето огромно, знаење, стручност и искуство во областа на женското мировно организирање, женските прашања, родовата рамноправност, вмрежувањето на локално, регионално и меѓународно ниво. Бориана и сите други жени феминистки и активистки од земјата и регионот дадоа голем придонес за организацискиот развој на Антико.

Од големо значење за Антико беше и поддршката на Афердита Хаџијаха Имери (Star Network – Македонија) Марта Друри (Heart & Hand- USA) Азбија Мемедова – Центар за правата на ромите Македонија – Тања Луберс – Пакс Кристи Холандија; Како и искуството на истакнатите активистки – наши едукаторки од регионот Билјана Кашич – Загреб ; Нуна Звиздич – Сарајево ; Рада Борич- Загреб; Радмила Жаркович – Београд ; Игбале Рогова – Приштина; Маријана Динек Посусшје БИХ. ; Аида Багич- Загреб и многу други кои дадоа придонес, Антико да се одржи како јака одржлива и многу активна мултиетничка мировна мрежа во женското движење во Македонија и пошироко .

Отварање на канцеларии во Скопје и Гостивар
Во 2001 год.отворивме и 2 канцеларии. Во Скопје и Гостивар ова исто така одигра голема улога во јакнењето на нашите капацитети, опстанокот и успешно делување.

Во што верувавме
Ние сите кои останавме во Антико и сите тие кои ни се приклучија верувавме во себеси, бевме свесни за тешката ситуација во Македонија и покажавме дека сме спремни да го дадеме нашиот придонес за решавањето на некои тешкотии кои се јавуваат во нашето општество како последица на патриархалните вредности, етничките и родовите предрасуди, стереотипите и други економско – политички и социални фактори кои долгорочно влијаат за создавање на тензии кои можат да го загрозат мирот, стабилноста и развојот на демократијата и додатно да ги дискриминираат жените.

Ние верувавме дека мажите и жените подеднакво се одговорни и важни за развојот на заедницата и градењето на мирот и сигурноста. Веруваме дека толеранцијата е најдобар начин за зачувување на меѓучовечките и меѓуетничките односи во едно мултиетничко општество.

Евалуација.. заклучоци….. одлуки……формализирање на групата и формирање на НВО мрежа
Без разлика на многубројните активности, инициативи проекти и резултати кои ги постигнавме како неформална група што не правеше,единствени и различни од другите сепак наидувавме и на одредени потешкотии Поради овие причини во Евалуативниот семинар кој го одржавме декември 2002 година за нашето 4 годишно работење, дојдовме до заклучок дека треба да го формализираме нашето постоење, како правен субјект. И во рамките на организацијата иницираме формираме НВО мрежа која ќе продолжи да работи во областа на градењето на мирот и развојот на заедницата, а и унапредувањето на положбата на жените преку препознавање и разбирање на нивните општи и специфични права и создавање на услови за еднакви можности за вклучување во сите свери на општествениот живот.

Доколку женските права не бидат потполно признати и заштитени не можеме да зборуваме за унапредувањето на статусот на жените, и не можеме да кажеме дека нашата земја е демократична.

НВО – Мрежа и мрежно делување
Во Август 2003 година 13 лидерки и активни жени од НВО од 8 локални заедници на Р. Македонија превзедоа инициатива и ја формализираа постоење и работа на Женската граѓанска инициатива АНТИКО стана правен субјект.. Таа во овој период ја редефинира својата внатрешна структура и стратешко планирање, програми за работа; потпиша Меморандум за соработка со јасно дефинирани критериуми, кодекси на однесување и стандарди, принципи на работа, комуникација, внатрешни односи и релации.

Идентитет на Антико
Антико, беше и останува да биде група на жени кои себеси се дожуваат како визија која го менува светот низ солидарност, рамноправност, демократија, транспарентност, поддршка, меѓусебно познавање, заеднички простор за артикулација на секоја жена.

Антико е мировна женска група со антимилитаристичка ориентација. Организација која се залага за мировна политика и дава придонес за градењето на мирот во заедниците преку промовирање и применување на феминистички пристапи и принципи на третирањето на проблемите и потребите на жените, со цел, женските прашања да бидат политички прашања.

Идентитетот на секоја членка е со полно знаење и искуство. Која ја пренесува во работата на нејзината матична организација Додека нејзината моќ е во заедничкото активно вклучување во донесувањето на одлуките за превземање на инициативи кои произлегуваат од потребите на целните групи, идентификувани од самите НВО членки од 10 локални заедници.Тие истовремено се, инициатори и имплементатори на нејзините активности.

Мотивација
Мотивацијата на жените и женските НВО да се вклучат во Антико е од членувањето и наоѓањето на сигурност за сопствениот идентитет, функција, личните ангажмани, принципот на толеранција, кооперативноста, иницијативноста, преданоста, искреноста, довербата, отворениот разговор.

Што се однесува до мотивацијата на членките во периодот на учеството за секоја членка периодот беше различен и многу зависеше од динамичниот процес низ кои поминуваше Антико. Повремненото паѓање на мотивацијата кај одредени членки се јавуваше како последица на големиот отпор од некој други НВО субјекти од опкружувањето и тежината на контекстот и политичката ситуација во кој живеевме и делувавме . Но, и покрај тоа за членките на Антико од голема важност е тоа што токму тие и припаѓаат на оваа граѓанска мутиетничка иницијатива.

Влијание
Антико дирекно и индиректно остварува позитивно влијание на ниво индивидуи, групи и заедницата . Таа преку имплементацијата на нејзините програми, активности, инициативи методологија на работа и организирање воспоставува примери и модели кои влијаеа и влијаат врз останатите актери во општеството( развојот на: женското движење, цивилниот општество мрежното организирање и делување, владините политики, постигнувањето на родовата рамноправност и промоцијата и градењето на мирот и развојот на заедницата. 

Интервизија
Антико е интервизиски тим. Интервизијата се остварува во редовни заедничките месечни состаноци во кои се делат информации, искуства се евалуираат активностите и анализираат резултатите, проблемите и пречките користејки ги меѓусебните капацитети. Таа има и развиен систем на мегусебна комуникација помеѓу членките на локално и централно ниво.